0_Магазин.ПорталЗанимливости

Макрон: Франција и Германија се моторите на Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон е горд на настапот на фудбалските тимови на неговата земја на најпрестижниот турнир во Лигата на шампионите. Лион синоќа го совлада Манчестер Сити и му се придружи на веќе квалификуваниот Пари Сен Жермен.

Париз, 16 август 2020 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон е горд на настапот на фудбалските тимови на неговата земја на најпрестижниот турнир во Лигата на шампионите. Лион синоќа го совлада Манчестер Сити и му се придружи на веќе квалификуваниот Пари Сен Жермен.

„Во полуфиналето на Лигата на шампионите, ПСЖ ќе се соочи со РБ Лајпциг, а Лион ќе игра со Баерн Минхен. Во Брисел, како и на теренот, Германија и Франција се моторите на Европа! Се надевам дека канцеларката Меркел не ме обвини за поддршка на Париз и Лион. во вторник и среда“, напиша Макрон на Твитер. ссм/

Back to top button
Close
Close