Некатегоризирано

Макрон: Франција ќе испрати носач на авиони на Блискиот Исток

Франција ќе го распореди носачот на авиони „Шарл де Гол“ и придружната борбена единица од јануари до април за поддршка на француските воени операции на Блискиот Исток, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во обраќање кон војниците.

Орлеанс, 17 јануари 2020 (МИА) – Франција ќе го распореди носачот на авиони „Шарл де Гол“ и придружната борбена единица од јануари до април за поддршка на француските воени операции на Блискиот Исток, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во обраќање кон војниците.

– Морнарицата ќе ја поддржува операцијата „Шамал“ од јануари до април, пред да замине за Атлантскиот Океан и Северното Море, рече претседателот во новогодишниот говор пред француските војници.

Тој додаде дека носачот на авиони ќе биде во центарот на операциите на повеќе европски земји. За време на мисијата, како што рече, ќе биде придружуван од Германија, Белгија, Холандија, Шпанија, Португалија и Грција.

– Оваа европска сила, како што е и учество во мисијата на Балтикот, ќе ја зајакне трансатлантската врска и НАТО и значи уште еден доказ дека европската одбрана и НАТО се два столба на иста куќа, истакна тој.

Базата БА 123 во Орлеанс, каде што зборуваше Макрон, е една од најголемите воздушни бази во Франција со 2.200 војници и цивили кои опфаќаат широк спектар на активности, меѓу кои и воздушен транспорт и специјални операции. паг/

 

Back to top button
Close
Close