0_Web_АктуелноSvet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Макрон: Ердоган ја дестабилизира Европа

Политиката на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е насочена кон дестабилизација на Европската унија, оцени францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за „Пари мач“.

Париз, 20 август 2020 (МИА) – Политиката на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е насочена кон дестабилизација на Европската унија, оцени францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за „Пари мач“.

Според францускиот претседател, Ердоган спроведува експанзионистичка политика заснована на мешавина на национализам и исламизам, што е некомпатибилна со европските интереси и е фактор за дестабилизација на Европа.

– Во таква ситуација, Европа мора да направи реална проценка на она што се случува и да дејствува во согласност со нејзините интереси, рече Макрон.

Тој додаде дека во никој случај не е објава за ескалација. Сепак, со оглед на потребата да се преземе симетрично дејство, треба да се избегне „немоќна дипломатија“. ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close