Некатегоризирано

Макрон ќе работи на изградбата на Европа која помалку ќе се зависи од Кина и САД

Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот откри колку Франција и остатокот од Европа зависат од ланецот на снабдување од Кина и другите земји, од мобилни телефони до автомобили, пренесоа британските медиуми.

Париз, 15 јуни 2020 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа, во обраќањето до нацијата, изјави дека ќе работи на изградбата на Европа што ќе биде помалку зависна од Кина и САД.

Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот откри колку Франција и остатокот од Европа зависат од ланецот на снабдување од Кина и другите земји, од мобилни телефони до автомобили, пренесоа британските медиуми.

-Оваа тортура откри недостатоци и слабости: нашата зависност од другите континенти да добиеме стоки, рече Макрон во телевизиското обраќање до нацијата.

„Сакам да ја извлечеме некои поуки од тоа што го научивме“, додаде францускиот претседател.

Според него, единствениот одговор е да се изгради нов, посилен економски модел, повеќе работа и производство, „за да не се потпираат на други“.

Макрон, исто така, се осврна на расните протести што го потресуваат светот, велејќи дека бојата на кожата премногу често ги намалува шансите за напредување во Франција и вети дека ќе се бори против дискриминацијата. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close