БалканБалкан.Портал

Макрон: Ќе поддржам преговори со Скопје и Тирана во зависност од извештајот на ЕК (ДПЛ)

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека доколку резултатите од мартовскиот извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија и Албанија се позитивни, тој ќе поддржи почеток на преговори за нивно пристапување во ЕУ.

Минхен, 15 февруари 2020 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека доколку резултатите од мартовскиот извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија и Албанија се позитивни, тој ќе поддржи почеток на преговори за нивно пристапување во ЕУ.

– Го чекаме извештајот во март … во зависност од тоа дали резултатите ќе бидат позитивни и се воспостави доверба, тогаш ќе бидеме во позиција да ги отвориме преговорите, рече Макрон на Минхенската безбедносна конференција.

Се очекува Данска и Холандија, кои го поддржаа ставот на Макрон минатата година со кој блокираше почеток на преговори, да се откажат од противење на почеток на пристапни преговори со Скопје и Атина, изјавиле дипломати од ЕУ за некои светски агенции.

Францускиот претседател истакна дека ја дели стратешката цел за „закотвување“ на Западен Балкан во Европа. Сепак, како што додаде, постои „знак прашалник“ за тоа дали отворањето на пристапните преговори, кои веројатно ќе траат со години, е вистинскиот начин да се направи тоа.

Тој укажа на важноста на инвестициите.

– Ние Европејците имаме проблем што мислиме за соседството само преку проширување. Тоа не функционира со 27 (членки). Ние се движиме премногу бавно, секаде имаме неединствени правила, премногу сме тешки. Дали мислите дека тоа ќе функционира ако сме 30, 32 или 33 ?, изјави Макрон. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close