Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Макрон: Благодарение на трудот нацијата опстојува

Во пораката објавена на социјалните мрежи, Претседателот на Франција го слави празникот на работниците и сите оние кои ја одржуваат земјата во живот. Синдикатите бараат неговата порака да се преточи во конкретни акти со барања и манифестации на интернет, јави дописникот на МИА.

Париз, 1 мај 2020 (МИА) – Во пораката објавена на социјалните мрежи, Претседателот на Франција го слави празникот на работниците и сите оние кои ја одржуваат земјата во живот. Синдикатите бараат неговата порака да се преточи во конкретни акти со барања и манифестации на интернет, јави дописникот на МИА.

-Овој 1 мај 2020 година не наликува на никој друг,  изјави претседателот  Емануел Макрон во видео пораката објавена изутринава на Твитер, со која им оддаде почит на сите оние кои преку својата работа и овозможуваат на земјата да се соочи со здравствената и економската криза низ која минува земјата. Претседателот исто така вети „среќен 1 мај“ во иднина, и покрај откажувањето на традиционалните манифестации оваа година заради кризата со коронавирусот.

Француските синдикати реагираа „студено“ на поздравната порака на претседателот Макрон.

-Потребно е да престанеме да управуваме со работите само со буџетска логика. Го гледаме ќор-сокакот во кој нè донесе на ниво на болниците, реагираше на Франс Инфо Лоран Берже, лидерот на синдикатот ЦФДТ, повикувајќи ја извршната власт „на акти“.

Филип Мартинез, неговиот колега на ЦГТ, беше уште поскептичен:

-Навикнати сме на ваков вид порака од претседателот, кои се заборавени неколку дена подоцна.

Со оглед дека е невозможно да се одржат традиционалните Првомајски поворки, синдикатите ги организираа поинаку, со концерти, колективни песни, демонстрации на интернет тие сепак го одбележаа меѓународниот ден на работниците, со истите барања засилени со последиците од кризата со епидемијата.

Побарувањата можат да се резимираат на борба против невработеноста, социјална правда и развој на модел што ја почитува околината и жените и мажите на работните места.тг/

Back to top button
Close
Close