0_Македонија.ПорталДописници МКД

Макрадули: Во МЖСПП се подготвуваат крупни измени во Законот за отпад

Со популистички методи не се решаваат проблемите во животната средина, и посебно не пред избори, изјави заменик министерот во Министерството за животната средина и просторно планирање Јани Макрадули за време на денешната посета во Битола најавувајќи дека во МЖСПП се подготвуваат крупни измени во Законот за отпад и ќе биде многу поквалитетен отколку законот што сега е во собраниска процедура.

Битола, 21 јануари 2020 (МИА)Со популистички методи не се решаваат проблемите во животната средина, и посебно не пред избори, изјави заменик министерот во Министерството за животната средина и просторно планирање Јани Макрадули за време на денешната посета во Битола најавувајќи дека во МЖСПП се подготвуваат крупни измени во Законот за отпад и ќе биде многу поквалитетен отколку законот што сега е во собраниска процедура.

-Во собраниска процедура е закон предложен од група пратеници, а во Министерството се подготвуваат сериозни измени на Законот за отпад и третира многу повеќе работи отколку тоа што е поднесено во Парламентот. Но јас сакам да укажам дека е многу проблематично да се обидете со за жал популистички методи да ги решавате проблемите во животната средина. Така не се работи и посебно тоа не смее да се прави во период пред кампања во пресрет на избори. Сакам да ги издвојам следните факти, најнапред РС Македонија е потписник или ратификувала Конвенции што ги регулираат овие прашања. Ние, согласно Договорот за стабилизација и асоцијација имавме обврска, ги ратификувавме и работиме по европски стандарди, а Базелската конвенција е една од нив. На пример, во овој момент 15 тони опасен отпад од „Охис“-Скопје  чекаат да бидат испратени во една европска држава, и замислете таа европска држава да каже – не! Тоа е процес, меѓународно верификуван, и наша задача како Влада е да ја вратиме довербата на граѓаните кон институциите, но и институциите да реагираат за да граѓаните бидат поспокојни и дека се почитуваат македонските закони, изјави Макрадули.

Заменик министерот во МЖСПП Јани Макрадули во придружба на градоначалникот на Битола Наташа Петровска изврши увид на еко-инвестициите во основното училиште „Кирил и Методиј“ во овој град.мт/скс/

Back to top button
Close
Close