БизнисБизнис.ПорталЕкономија

Макпетрол: Со изедначување на акцизата ќе запрат злоупотребите кои се прават со екстра лесното гориво

Макпетрол АД ја поздравува Одлуката на Владата за изедначување на акцизата на екстра лесното гориво со акцизата на дизел горивото и порачува дека во целост ги подржува државните институции во носењето на вакви одлуки кои, како што велат, се во интерес на државата и граѓаните.

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Макпетрол АД ја поздравува Одлуката на Владата за изедначување на акцизата на екстра лесното гориво со акцизата на дизел горивото и порачува дека во целост ги подржува државните институции во носењето на вакви одлуки кои, како што велат, се во интерес на државата и граѓаните.

-Одлуката за изедначување на акцизата на екстра лесното гориво со акцизaта на дизел горивото е во интерес на сите, граѓаните, државата и трговците со нафта и нафтени деривати. Со изедначување на акцизата ќе запрат злоупотребите кои се прават со екстра лесното гориво, со што ќе почне да се користат поквалитетни горива, кои директно ќе влијаат врз намалување на загадувањето на воздухот, а, исто така, ќе донесе поголеми приходи во државниот буџет, што е битно во овие моменти на економска нестабилност, предизвикана од пандемијата на вирусот COVID-19, соопшти Макпетрол.

Се надеваме, се вели во соопштението, дека пред истекот на важноста на оваа одлука, новиот собраниски состав ќе направи и измени во Законот за акцизи и еднаш засекогаш ќе се реши овој проблем. вј/са/

 

 

Back to top button
Close
Close