0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Маките на Сити продолжуваат

„Граѓаните“ ги добија последните пет гостувања на „Лондон“ стадионот со повеќе од убедливи резултати, но денес го „преспаа“ првото полувреме. Михаил Антонио им донесе водство на „чеканите“ со прекрасен гол со ножички во 18-тата минута. Во 51-та, резервата Фил Фуден му донесе реми на Сити, а до крајот на мечот „граѓаните“ имаа неколку добри позиции, но Рахим Стирлинг промаши две чисти шанси.

Лондон, 24 октомври 2020 (МИА) – Неубедливиот настап на Манчестер Сити во Премиер лигата продолжува и тоа го докажа нерешениот резултат 1:1 како гостин на Вест Хем.

„Граѓаните“ ги добија последните пет гостувања на „Лондон“ стадионот со повеќе од убедливи резултати, но денес го „преспаа“ првото полувреме. Михаил Антонио им донесе водство на „чеканите“ со прекрасен гол со ножички во 18-тата минута. Во 51-та, резервата Фил Фуден му донесе реми на Сити, а до крајот на мечот „граѓаните“ имаа неколку добри позиции, но Рахим Стирлинг промаши две чисти шанси.

Така, по 6-тото коло, Манчестер Сити е на незавидното 11-то место со 8 поени и гол-разлика 8:8. Вест Хем запиша второ последователно реми по 3: 3 со Тотенхем во последното коло и го задржа 10-тото место, исто така, со 8 бода.

Сити сепак има натпревар помалку.

Таг
Back to top button
Close
Close