0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Македонското одбојкарско првенство прекинато без да биде прогласен шампион

Се прекинува одбојкаското првенство за натпреварувачка сезона 2019/2020 година, во сите категории (мажи и жени), без прогласување на победници, соопшти Одбојкарската федерација на Македонија.

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Се прекинува одбојкарското првенство за натпреварувачка сезона 2019/2020 година, во сите категории (мажи и жени), без прогласување на победници, соопшти Одбојкарската федерација на Македонија.

За клубовите коишто имаат намера да се натпреваруваат во европските купови за натпреварувачка сезона 2020/2021 година, ќе важи пласманот на екипите на денот на прекинување на првенствата.

Доколку за следната натпреварувачка сезона 2020/2021, има клубови коишто имаат намера и желба да учествуваат и да се натпреваруваат во највисок натпреварувачки ранг, Извршниот одбор на ОФМ, по поднесување на пријавите, ќе цени и ќе одлучува дали тие ги исполнуваат предвидените услови.

Овие одлуки ОФМ ги донесе по последните препораки и забрани од страна на Министерството за здравство за превенција од коронавирусот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close