0_Спорт.ПорталОстанатоРезултати

Македонските одбојкари со победа ја почнаа Балканијадата во Косово

Македонската одбојкарска репрезентација до 20 години забележа победа над домаќинот Косово во првото коло на Балканското првенство.

Приштина, 21 јули 2021 (МИА) – Македонската одбојкарска репрезентација до 20 години забележа победа над домаќинот Косово во првото коло на Балканското првенство.

Вчеравечер во Приштина „црвено-жолтите“ славеа со 3:1, по сетови, 25:22, 21:25, 28:26 и 25:23.

На другите две средби на првиот ден од Балканијадата, Турција во четири сета славеше над Црна Гора, додека Бугарија во три сета беше убедлива против Албанија.

Македонските одбојкари вечер од 20:30 часот играат со Бугарија.

Другите двојки за 2. коло се: Црна Гора – Косово и Турција – Албанија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close