0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанатоСпорт

Македонските одбојкари ќе играат во Златната европска лига

Македонската машка одбојкарска репрезентација, во 2020 година за првпат ќе учествува во Златната европска лига.

Скопје, 5 декември 2019 (МИА) – Македонската машка одбојкарска репрезентација, во 2020 година за првпат ќе учествува во Златната европска лига.

„Спартанците“ на селекторот Никола Матијашевиќ откако ја почувствуваа сласта од настап на европско првенство, сега ќе играат во Златната лига која досега беше недостижна и тоа за малку, бидејќи трипати беа финалисти во европската лига. Квалификациите за следното ЕП почнуваат во август.

Златната лига ќе се игра во мај и јуни. Македонската селекција ќе одигра најмалку шест натпревари со силни противници. Потенцијални ривали ни се Белгија, Холандија, Чешка, Турција, Украина, Словачка, Шпанија, Естонија, Португалија, Белорусија и Романија. јз/

 

Back to top button
Close
Close