0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Македонските кошаркарски надежи стартуваат со подготовки

Македонската јуниорската кошаркарска репрезентација од утре во Маврово започнува со подготовките за августовскиот ФИБА „челинџер“ на кој „црвено – жолтите“ се во најсилната А група заедно со Шпанија, Србија, Хрватска, Грузија и Германија.

Скопје, 24 јуни 2021 (МИА) – Македонската јуниорската кошаркарска репрезентација од утре во Маврово започнува со подготовките за августовскиот ФИБА „челинџер“ на кој „црвено – жолтите“ се во најсилната А група заедно со Шпанија, Србија, Хрватска, Грузија и Германија.

Репрезентацијата ќе се подготвува во Маврово една недела, по што кошаркарите се враќаат во Скопје каде на почетокот на јули ќе учествуваат на силен меѓународен турнир на кој ќе настапат американска колеџ селекција, како и македонската, бугарската и украинската репрезентација под 20 години.

Селекторот Никола Василев за подготовките повика 18 кошаркари: Андреј Митревски, Марин Петков, Резарт Мемед, Амар Хот, Теон Богатиновски, Филип Наков, Мирослав Ѓорѓевиќ, Павел Атанасов, Горазд Величковски, Карло Блажевски, Петар Бошалевски, Христијан Настовски, Димитар Иванов, Виктор Стојковски, Никола Василевски, Милош Јовановиќ, Тома Стојановски, Петар Башовски. ег/сст/

Back to top button
Close
Close