0_Спорт.ПорталКошарка

Македонските кошаркари на дуел со Италија во првиот меч од ноемвриските квалификации

Македонската кошаркарска репрезентација попладнево од 15 часот во Талин се среќава со Италија во натпревар од ноемврискиот прозорец во квалификациите за Европското првенство.

Талин, 28 ноември 2020 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација попладнево од 15 часот во Талин се среќава со Италија во натпревар од ноемврискиот прозорец во квалификациите за Европското првенство.

– Нè чека првиот меч во овој циклус од квалификациите. Противник ни е селекцијата на Италија, исто така со доста променет состав. Иако не играат во најсилен состав, никако не смееме да мислиме дека Италијанците немаат квалитет. Напротив, најголем дел од нивните играчи играат во италијанската ЛЕГА А, што значи дека пред нас имаме противник за полн респект. Но и екипа со која можеме да пробаме да извадиме поволен резултат, смета плејмејкерот Андреј Магдевски.

Италија без оглед на резултатот ќе биде дел од следниот Евробаскет, се квалификува како домаќин. За другото место од групата кое носи пласман на ЕП се борат Македонија и Естонија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close