0_Спорт.ПорталОстанато

Македонските кикбоксери освоија 68 медали на Балканското првенство

Македонската репрезентација во кикбокс освои 68 медали од кои шест златни, 21 сребрени и 41 бронзен во конкуренција на 200 натпреварувачи од шест држави.

Скопје, 6 септември 2021 (МИА) – Македонската репрезентација во кикбокс освои 68 медали од кои шест златни, 21 сребрени и 41 бронзен во конкуренција на 200 натпреварувачи од шест држави.

Злато на нашата земја и донесоа: Миа Тодорова, Силвио Мировски, Димитар Ѓоргиев, Славе Делиовски, Олгица Орешкова и Максим Митровски.

Балканијадата се одржа изминатиот викенд во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје во организација на Кикбокс и Маитаи федерацијата на Македонија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close