0_Спорт.ПорталОстанато

Македонските каратисти успешно ги завршија подготовките во Црна Гора

Македонските репрезентативци членови на Карате клубот Макпетрол од Скопје успешно ги завршија и вториот дел од подготовките кои се зацртани со планот и програмата на кубот за учество на светската премиер карате лига во Лисабон, Португалија и Европското сениорско првенство во Пореч, Хрватска.

Скопје, 23 април 2021 (МИА) – Македонските репрезентативци членови на Карате клубот Макпетрол од Скопје успешно ги завршија и вториот дел од подготовките кои се зацртани со планот и програмата на кубот за учество на светската премиер карате лига во Лисабон, Португалија и Европското сениорско првенство во Пореч, Хрватска.

Каратистите се вратија од еднонеделни подготовки кои ги направија во Подгорица, Црна Гора заедно со каратисти од комплетната репрезентација на домаќинот, но овој пат и со репрезентативци од Украина, Босна и Херцеговина Косово и Албанија.

Петар Заборски тренер во Карате клубот Макпетрол, непосредно по враќањето од Подгорица изјави:

„Направивме извонреден тренинг камп, каде што имавме извонредна можност да ја проверивме нашата моментална форма. Формата ја темпираме пред се за светската лига во Лисабон, Португалија, каде сме пријавени за учество на престижен турнир во организација на Светската карате федерација. Во Португалија ќе учествуваме со четири каратисти од нашиот клуб, сите високо рангирани на светската ранг листа во своите тежински категории: Петар Заборски-75 кг, Петар Спасеновски-84 кг, Абдурахим Идризи -60 кг и Мојсовска Анѓела -68 кг“.

Овие подготовки се втора фаза во подготвителната тренажна периодизација која е осмислена од стратегот на клубот Бошко Заборски. На подготовките учествуваа: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков, Абдурахим Идризи, Моника Пендаровска , Анѓела Мојсовска и Викторија Јовановска. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close