0_Web_Актуелно0_Спорт.ПорталФудбал

Македонските фудбалери се селат во Амстердам

Македонската фудбалска репрезентација претпладнево од Букурешт со чартер лет ќе отпатува за Амстердам каде ќе го одигра својот последен натпревар на 16. Европско првенство.

Букурешт, 18 јуни 2021 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација претпладнево (11 часот) од Букурешт со чартер лет ќе отпатува за Амстердам каде ќе го одигра својот последен натпревар на 16. Европско првенство.

„Црвено-жолтите“ по двата пораза во Букурешт ги загубија шансите за осминафинале, но против Холандија ќе имаат можност да стигнат до првите бодови на ЕВРО 2020.

Домаќинот на овој меч ќе игра растоварено, бидејќи веќе го обезбеди првото место во Ц-групата и пласманот во елиминациската фаза.

Натпреварот ќе се одигра на 21 јуни со почеток во 18 часот на „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close