0_Web_Актуелно0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Македонските фудбалери напредуваа три места на ФИФА рангирањето 

Македонската фудбалска репрезентација се искачи три места на најновата ранг-листа на Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) и сега се наоѓа на 62. место. 

Цирих, 7 април 2021 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација се искачи три места на најновата ранг-листа на Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) и сега се наоѓа на 62. место. 

Македонскиот национален тим има 1374. бодови и од почетокот на оваа година има ефект од две победи (Лихтенштајн 5:0 и Германија 2:1) и пораз од Романија 3:2, трите натпревари во рамки на мундијалските квалификации. 

На врвот на ФИФА рангирањето и натаму е Белгија (1.783), пред светскиот првак Франција (1.757), додека трет е Бразил (1.743). 

Италија, која е во серија од 25 натпревари без пораз, скокна од десеттото на седмото место. ег/оџ/

 

Таг
Back to top button
Close
Close