0_Спорт.ПорталSport.SlajderРезултатиФудбал

Македонските фудбалери до 19 години одиграа нерешено против Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација составена од фудбалери до 19 години, одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Црна Гора во рамките на вториот контролен меч попладнево на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Скопје, 15 април 2021 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација составена од фудбалери до 19 години, одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Црна Гора во рамките на вториот контролен меч попладнево на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Избраниците на селекторот Влатко Гроздановски поведоа во 36. минута со голот на Бехар Фета. Конечните 1:1 ги постави Виктор Џукановиќ во 80. минута.

На овој натпревар македонската репрезентација беше ослабната со неиграњето на неколку стандардни првотимци.

На првиот меѓусебен дуел одигран пред два дена, Македонците победија со 2:0. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close