0_Спорт.ПорталФудбал

Македонските фудбалери до 18 години на тест против Унгарија во Ѓер

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години ќе одигра два контролни натпревара против соодветната селекција на Унгарија. Селекцијата која ја предводи Неџат Шабани ќе гостува во Ѓер на 14 септември со почеток во 17 часот и два дена подоцна мечот во 11 часот.

Скопје, 12 септември 2021 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 18 години ќе одигра два контролни натпревара против соодветната селекција на Унгарија. Селекцијата која ја предводи Неџат Шабани ќе гостува во Ѓер на 14 септември со почеток во 17 часот и два дена подоцна мечот во 11 часот.

Шабани за претстојните контролни дуели со Унгарија ги повика следните фудбалери:

Голмани: Васко Василев (Црвена Звезда, Србија), Наум Ангелов (Њу Старс);

Одбрана: Марко Ристов (Работнички), Максим Милошевски (Македонија Ѓ.П.), Борјан Попоски (Работнички), Енис Буќи (Македонија Ѓ.П.), Давид Љушев (Работнички), Никола Павлевски (Македонија Ѓ.П.), Арбнор Мурати (Дуисбург, Германија);

Среден ред: Давид Дебрешлиовски (Победа), Марко Софијаноски (Њу Старс), Матеј Ангелов (Работнички), Матеј Ѓорѓиев (Брегалница Штип), Хамза Меметриза (Шкендија), Аџе Кадриу (Македонија Ѓ.П.), Игор Јаневски (Силекс);

Напад: Марко Треневски (Њу Старс), Бесар Гуџуфи (ФК Бешикташ), Ерион Шуку (Слога Виница). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close