Велес, 25 јуни 2021 (МИА) –  Четириесет и тројца млади стрип автори од државава ќе учествуваат на 23. Балканска смотра на млади стрип автори, што ќе се одржи од денеска до 27. месецов во Лесковац, Србија.

Манифестацијата се одвива во рамки на проектот CAN(Comic alliance Networking) FOR BALKANS- финансиран од програмата Креативна Европа -подпрограма за култура на Европската унија. Носител на овој неколкугодишен проект е Музејот на историјата во округот Брашов-Романија, а освен училиштето „Никола Митровиќ-Кокан“ од Лесковац, во него се вклучени Стрип центар на Македонија – седиште Велес, како и Белгискиот стрип центар од Брисел и Државниот историски музеј од Тирана.

Како што информира за МИА Томе Трајков, програмски координатор во СЦМ-Велес, Балканската стрип смотра има големо значење за македонскиот стрип бидејки ова е место на меѓународни контакти.

– Од Лесковац секојпат има доста пријавени на традиционалниот стрип конкурс организиран во склоп на стрип салонот во Велес и обратно, македонските стрип автори со задоволство учествуваат на конкурсот во Лесковац. Впрочем ,само СЦМ – Велес за оваа година поттикна учество на над 40 претежно млади автори од повеќе градови од земјава, појасни Трајков.

Овој проект е во насока на вмрежување на релевантните стрип асоцијации од вклучените земји како и афирмирање на социјалната примена на стрипот( во овој случај националната историја).

На смотрата во Лесковац освен од СЦМ- Велес ќе присуствуваат и македонските стрип автори : реномираниот мајстор Ласко Џуровски, Томи Џуровски, како и Емилија и Стојче Тоциновски од Студиото за цртање „ФАНТАСТ“ од Скопје.

Македонските стрип претставници во Лесковац ќе учествуваат на бројни презентации, дебати, изложби а на крај и прогласување на најдобрите стрип автори по традиционалниот објавен конкурс.ад/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close