Оригинални текстови

Македонскиот дипломатски синдикат за смената на министрите во МНР

Македонскиот дипломатски синдикат го поздравува заминувањето на Никола Димитров од Министерството за надворешни работи. На следниот министер нема да му биде лесно да го возобнови пустошот што Димитров го остава зад себе и да го премости длабокиот јаз помеѓу ветеното воведување европски стандарди во Министерството, наспроти реалната слика т.е. вистинскиот феудализам во управувањето со МНР од страна на Димитров и тесната клика околу него.

Скопје, 20 август 2020

Длабоко поделени кадри на „наши“ и „ваши“, погром и замолчување на дипломатите преку бркање од работа, монтирани дисциплински постапки, масовен мобинг и деградации без никакво суштинско образложение, обиди за приватизација на МНР преку неуспешен и правно крајно проблематичен предлог на Закон за надворешни работи, замрзнување на напредокот на младите дипломати, селективно вработување и отфрлање на врни млади кадри, соработка со само 10 проценти од вработените итн. , се само некои од нештата по кои овој, до сега најслаб, арогантен и нарцисоиден министер за надворешни работи ќе биде запомнет од страна на своите поранешни колеги.

На новиот министер му посакуваме искрено добредојде и многу успех во враќањето на интегритетот на МНР, а со тоа и на македонската дипломатија. Како Синдикат подаваме рака за партнерство, во интерес на почитувањето на работните права и работните стандарди, со очекување дека овој пат соработката ќе биде двострана.

Македонски дипломатски синдикат

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close