Општински вестиСкопје

„Македонски Телеком“ ја креираше апликацијата Скопје ЗОО

„Македонски Телеком“ ја креираше апликација Скопје ЗОО, што овозможува дигитално искуство на сите посетители во Зоолошката градина во Скопје, онлајн билети, дигитална навигација и едукација за повеќе од 500 животни.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – „Македонски Телеком“ ја креираше апликација Скопје ЗОО, што овозможува дигитално искуство на сите посетители во Зоолошката градина во Скопје, онлајн билети, дигитална навигација и едукација за повеќе од 500 животни.

– Инволвираноста и целосната посветеност на вработените во развојот на апликацијата, овозможи да создадеме интерактивна апликација која освен што е интересна за едукација на најмладите, овозможува полесно дигитално живеење и за сите останати посетители. Вработените се активно вклучени во остварување проекти и идеи каде што технологијата се користи во служба на општеството и преку оваа апликација даваат свој придонес кон креирање хумано дигитално општество“, соопшти Зоолошката градина Скопје.

Апликацијата е достапна во три јазични верзии, а може да се преземе бесплатно од Плеј стор и Ап стор.

Во иднина се очекува апликацијата Скопје ЗОО да биде надградувана со нови функционалности со цел корисниците да имаат можност за повеќе забавни и едукативни содржини. ки/сп/

Back to top button
Close
Close