0_Македонија.Портал0_Спорт.ПорталОпштествоОстанатоСпорт

Македонски маунтинбајк тим првпат на престижната ,,4 Острови”

Тимот на велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје, Дуња Иванова и Љубиша Кондев, од утре до 24 април оваа година ќе посегнат по освојување на предизвикот наречен ,,4 Острови” во Р.Хрватска - една од најзначајните маунтинбајк етапни трки во светот.

Скопје, 20 април 2021 (МИА) –  Тимот на велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје, Дуња Иванова и Љубиша Кондев, од утре до 24 април годинава ќе посегнат по освојување на предизвикот наречен „4 Острови” во Хрватска – една од најзначајните маунтинбајк етапни трки во светот.

Дуња Иванова и Љубиша Кондев се претставници на Велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје, а подготовките за престојната трка „4 Острови” се под водство на Дејан Новковски – тренер по велосипедизам. Кондев е еден од првите македонци евидентиран на ранг листата на Интернационалниот сојуз за велосипедисзам (UCI) и тренер по велосипедизам со сертификат UCI Level 2, додека Дуња Иванова е актуелен државен првак во планински велосипедизам, како и во категориите друмско-ридски, хронометар и велокрос.

Класифицирана како S1 категорија според Интернационалниот сојуз за велосипедисзам (UCI), претставниците на ВК Енерџи за пет денови ќе поминат околу 270 километри со вкупна елевација од 5000 метри, минувајќи низ исклучителни технички патеки, сериозни искачувања и предизвикувачки спустови низ островите Крк, Раб, Црес и Лошињ.

,,4 Острови” е уникатен натпревар за лиценцирани велосипедисти на кој досега учествувале претставници од преку 33 земји од светот меѓу кои и професионалната маунтинбајк елита.свс/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close