0_Спорт.ПорталMakedonija.SlajderSport.SlajderФудбал

Македонија слави, Грузија последна пречка до пласман на ЕП (галерија)

Македонците одиграа солиден натпревар, на два пати поведоа во резултатот, а им беа поништени и два гола по преглед на ВАР системот - на капитенот Горан Пандев и на Аријан Адеми.

Скопје, 8 октомври 2020 (МИА) – Репрезентацијата на Македонија се пласираше во финалето од плеј-офот за пласман на Европското првенство по успехот над Косово вечерва на арената „Тодор Проески“ и до настап на своето прво големо фудбалско натпреварување ја дели само уште еден меч – со Грузија, на 12 ноември во Тбилиси.

Македонците одиграа солиден натпревар, на два пати поведоа во резултатот, а им беа поништени и два гола по преглед на ВАР системот – на капитенот Горан Пандев и на Аријан Адеми.

На крајот радоста кај „жолто-црвените“ беше голема и славјето може да започне, додека противникот ќе мора да почека уште неколку години за слична шанса.

Фото: Игор Ордев

Таг
Back to top button
Close
Close