0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Македонците ја добија првата поддршка од албанска партија за загарантирани места во албанскиот парламент за малцинствата

Македонската партија за европска интеграција, МАЕИ, благодарение на нејзиниот лидер ја доби првата поддршка од албанска партија за загарантирани пратенички места за малцинствата во албанскиот Парламент.

Тирана, 26 јануари 2020 (МИА) – Македонската партија за европска интеграција, МАЕИ, благодарение на нејзиниот лидер ја доби првата поддршка од албанска партија за загарантирани пратенички места за малцинствата во албанскиот Парламент.

Барањето на Македонците и другите малцинства е со новиот изборен законик да има загарантрани пратенички места за малцинствата, како што тоа е пример со повеќе европски земји.

Првата поддршка доаѓа од партијата Ново движење, чиј лидер е Аријан Галдини, во чија организација вечерва се одржа трибина на тема „Изборната реформа и нашите ставови и предлози“.

На активноста учествуваа професори, пратеници, претседатели на партии,кои разменија мислења за Изборниот законик, а дадоа и конкретни предлози.

Меѓудругото, учесниците на оваа активност побараа промена на изборниот модел како и електронско гласање и броење со цел да се гаранира секој глас.

-Како претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интегација и пратеник во албанското Собрание од партијата, го подржувам барањето за промена на изборниот модел и електронското гласање и броење. Во име на сите малцинства ќе поднесам Предлог – закон во албанското Собрание со кој ќе се бара загарантирани пратенички места за малцинствата во албанското Собрание, рече меѓудругото Стерјовски на средбата.

Лидерот на партијата „Ново движење“, Галдини истакна дека како партија го подржуваат предлогот на Стерјовски за загарантирани пратенички места за малцинствата во албанско Собрание. вт/сст/

Back to top button
Close
Close