0_Web_Актуелно

Магла на повеќе патни правци во државава, видливост од 50 до 100 метри

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патниот правец Тетово- село Лисец, Отовица- Катланово, во Македонски Брод и на планинските превои Ѓавато и Буково.

Скопје, 18 јануари 2020 (МИА) – Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патниот правец Тетово- село Лисец, Отовица- Катланово, во Македонски Брод и на планинските превои Ѓавато и Буково.

Од ЈП Македонија пат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози.

Од Јавното претпријатие информираат дека нивни дежурни екипи постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. бк/

Back to top button
Close
Close