Дописници МКДОпштински вести

Магацин и возило изгореа во пожар во охридско Велгошти

Магацински простор и возило денеска изгореа во пожар во охридското село Велгошти.

Охрид, 27 февруари 2020 (МИА) – Магацински простор и возило денеска изгореа во пожар во охридското село Велгошти.

Пожарот бил пријавен околу 12:30 часот во Територијалната противпожарна единица во Охрид, која интервенирала со две возила на лице место, на улицата „Живко Чинго“.

Пожарот е изгаснат и спречено е ширење на пламенот на околните објекти. На местото на настанот во тек е увид, а истрагата треба да ги утврди причините за пожарот. аб/ев/

Back to top button
Close
Close