Дописници МКДОпштински вести

МАЕИ со честитка по повод Илинден

Честитка по повод националниот празник 2 Август - Илинден упати единствената македонска партија во Република Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Тирана, 2 август 2021 (МИА) – Честитка по повод националниот празник 2 Август – Илинден упати единствената македонска партија во Република Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

– Македонска алијанса за европска интеграција на сите Македонци каде и да се им го честита големиот национален празник Денот на државноста на Македонија – Илинден. Прославувајќи ги двата Илиндена, 1903 и Првото заседание на АСНОМ од 1944, со гордост се поклонуваме на нашите претци кои ги положија своите животи за слободата на Македонија. Нека е честит и вековит македонскиот национален празник – Илинден, стои во честитката.

Се додава дека денес е денот кога се присетуваме и ги славиме идеалите на илјадници македонски дејци, револуционери и борци за слободна и независна држава.

– Илинден е длабоко втемелен во кодот на Македонците каде и да се низ светот, силно вкоренет во традицијата, а во колективната меморија важи за симбол на непокор на голем број херои кои се жртвуваа за слобода, се наведува во честитката потпишана од Васил Стерјовски, лидер на партијата и пратеник во албанскиот парламент. вт/мс/

Таг
Back to top button
Close
Close