0_Македонија.ПорталДописници СветПолитика

МАЕИ очекува со избoрната реформа загарантирани места за малцинствата во албанскиот Парламент

На денешната пленарна седница на албанскиот законодавен дом, пратеникот од Македонска алијанса за европска интерација (МАЕИ) Васил Стерјовски, во име на партијата искажа надеж дека со изборните реформи ќе се обезбедат загарантрани места за прпадниците на малцинствата.

Тирана,17 февруари 2020 (МИА) – На денешната пленарна седница на албанскиот законодавен дом, пратеникот од Македонска алијанса за европска интерација (МАЕИ) Васил Стерјовски, во име на партијата искажа надеж дека со изборните реформи ќе се обезбедат загарантрани места за прпадниците на малцинствата.

– Изборната реформа со поддршка на експертите на ОБСЕ-ОДИХР очекуваме да го реши и прашањето за застапеноста на малцинствата и да го регулира учеството на малцинствата со загарантирани места во Парламентот, каде малцинствата ќе го имаат својот глас, рече меѓу другото Стерјовски.

При тоа наведе дека загарантирани пратенички места може да се најдат во Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Косово, Горниот дом на Руската Федерација, скандинавските земји…

– Доделувањето на загарантирани места за малцинствата во Парламентот, засновано врз највисоките меѓународни конвенции и стандарди кои се однесуваат на прашањето на малцинствата, нивните права и слободи, со посебен акцент на нивното учество во политичките системи нема да претставува проблем за нашата земја. Напротив, ќе ја постави нашата земја во најнапредните демократски држави во однос на застапеноста на малцинските групи, оцени тој.

Посочи дека почитувањето на правата на малцинствата во една земја е многу значајно и е еден од движечките фактори што ја одредуваат демократијата и стабилноста на таа земја.

Според него сегашниот пропорционален регионален изборен систем не ги опфаќа реалните потреби на едно општество и социјалните формации во него и е дискриминаторски за малцинствата.

– Исто така тој не гарантира застапеност на малцинствата во Парламентот, бидејќи се знае дека малцинствата (македонско, грчко, српско, ромско, црногорско, влашко, египќанското и бошњачко) кои живеат во нашата земја од различни причини, особено по деведесеттите години, не се сконцентрирани во одделни области, туку се расфрлани низ целата територија на Република Албанија и многу е тешко за едно малцинството во една изборна единица да добие пратенички мандат, нагласи Стерјовски.

Тој искажа подршка на политичкиот дијалог меѓу мнозинството, парламентарната и вонпарламентарната опозиција во Албанија и од име на МАЕИ ги охрабрува во постигнување договор за изборната реформа која е еден од деветте услови поставени од германскиот Бундестаг за почеток на процесот на отворање на преговорите на Албанија со Европската унија.вт/см/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close