СветСвет.Портал

Мадуро: Спречен обид за државен преврат

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро денеска изјави дека е спречен обид за државен преврат во земјата, за кој обвини и двајца американски државјани.

Богота, 5 мај 2020 (МИА) – Претседателот на Венецуела Николас Мадуро денеска изјави дека е спречен обид за државен преврат во земјата, за кој обвини и двајца американски државјани.

Мадуро на националната телевизија во Каракас за обидот за државен преврат обвини „13 платеници, меѓу кои и двајца американски државјани“, кои, како што рече, „работат за безбедносните структури на американскиот претседател Доналд Трамп“. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close