СветСвет.Портал

Мадуро се сретна со опозицијата на Венецуела

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро се состана со опозицијата за да разговара за подготовките за парламентарните избори.

Каракас, 23 јуни 2020 (МИА) – Венецуелскиот претседател Николас Мадуро се состана со опозицијата за да разговара за подготовките за парламентарните избори.

Мадуро на Твитер соопшти дека одржал двочасовна средба со Националната тркалезна маса за дијалог и сите сегменти од опозицијата, на кој разговарале за случувањата во втората половина на годината и за процесот на подготовка и учество на изборите.

Претседателот на Венецуела ја оцени средбата како продуктивна и додаде дека на неа можеле да се слушнат критики, предлози и можни решенија.

Во септември 2019 година, венецуелската Влада и некои претставници на опозицијата се договорија да формираат Национална тркалезна маса за дијалог, постојан орган во чии рамки политичките ривали би можеле да преговараат за различни теми.

Лидерот на опозицијата во Венецуела Хуан Гуаидо претходно изјави дека не го поддржува договорот и се повлече од преговорите. Тој во јануари се прогласи за привремен претседател на митинг во Каракас.

Неколку земји, вклучувајќи ги САД, повеќето земји од Европската унија, членките на Лима групата без Мексико, Австралија, Албанија, Грузија и Израел, како и Организацијата на американски држави, го признаа Гуаидо за претседател на Венецуела.

Мадуро овој потег го прогласи за државен удар оркестриран од Вашингтон и рече дека ќе ги прекине дипломатските односи со САД. Тој беше поддржан од Русија, Белорусија, Кина, Иран, Куба, Никарагва, Ел Салвадор, Сирија и Турција. јт/

 

Таг
Back to top button
Close
Close