СветСвет.Портал

Мадуро ја продолжи вонредната состојба за уште 30 дена

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја продолжи вонредната состојба за уште еден месец поради епидемијата на коронавирусот.

Каракас, 10 август 2020 (МИА) – Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја продолжи вонредната состојба за уште еден месец поради епидемијата на коронавирусот.

Тој најави дека ублажувањето на одредени мерки ќе почне постепено од денеска.

Системот 7-7 значи дека една недела ќе има карантин, а друга ублажување на мерките. Тој нагласи дека ублажувањето на мерките во одредени делови од земјата ќе биде побавно поради епидемиолошката состојба.

Првиот случај на коронавирусот во Венецуела беше регистриран на 13 март, а истиот ден беше воведена вонредна состојба.

На 17 март Мадуро ги затвори границите на земјата, но и градовите.

До денеска, повеќе од 25.000 луѓе во Венецуела биле заразени со вирусот Ковид-19, а повеќе од 220 починале. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close