Biznis.SlajderSvet.SlajderСветСвет.Портал

Мајкрософт ги затвора сите продавници и воведува само онлајн продажба

Американската компанија Мајкрософт на својата веб-страница соопшти дека ќе ги затвори сите свои продавници во наредниот период и дека во иднина ќе има само онлајн продажба како дел од „стратешката корпоративна промена во областа на малопродажбата“.

Редмонд, 27 јуни 2020 (МИА)Американската компанија Мајкрософт на својата веб-страница соопшти дека ќе ги затвори сите свои продавници во наредниот период и дека во иднина ќе има само онлајн продажба како дел од „стратешката корпоративна промена во областа на малопродажбата“.

Како што е наведено во соопштението, компанијата нема да ги отпушти своите вработени поради оваа промена, но наместо тоа, сите вработени во продавниците на „Мајкрософт“ ќе продолжат да работат во канцеларии и деловни објекти во Вашингтон.

Компанијата исто така соопшти дека ќе ги зголеми инвестициите во доменот Microsoft.com, како и во продажбата на Xbox и Windows.

Американскиот технолошки гигант наведува дека неговите продавници се затворени уште од март поради пандемијата на коронавирус и дека вработените успеале да ја обезбедат целата потребна онлајн поддршка на клиентите. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close