БалканБалкан.Портал

Мајките на мали деца во Истанбул ќе добијат бесплатни билети за градски сообраќај

Мајките на мали деца во Истанбул ќе имаат право да добијат бесплатни билети за користење на градскиот транспорт. Тоа го соопшти денеска градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

Истанбул, 17 јануари 2020 (МИА) – Мајките на мали деца во Истанбул ќе имаат право да добијат бесплатни билети за користење на градскиот транспорт. Тоа го соопшти денеска градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

Вкупно милион и 160 илјади мајки на деца до 4-годишна возраст ќе имаат право на бесплатни билети за патување со јавниот транспорт на Истанбул, објави Имамоглу на Твитер.

Тој додаде дека одлуката била прифатена едногласно од Општинскиот совет на градот. зш/

Back to top button
Close
Close