0_Македонија.ПорталПолитикаХроникаХроника.Портал

Мајка и ќерка од Турција обвинети за употреба на фалсификувани израелски пасоши

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против мајка и ќерка од Турција, на возраст од 45 и 19 години, за употреба на фалсификувани израелски пасоши.

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против мајка и ќерка од Турција, на возраст од 45 и 19 години, за употреба на фалсификувани израелски пасоши.

-Обвинението е поднесено против мајка и ќерка, државјанки на Република Турција, кои на 22 јануари, на граничниот премин Долно Блаце, при влез на државната граница од Косово, употребиле лажни јавни исправи, прикажувајќи ги како вистински. Притоа, мајката е обвинета дека употребила лажни израелски пасоши и лични карти за себе и за двата малолетни сина кои патувале со нив, додека полнолетната ќерка е обвинета дека исто така за себе прикажала лажен израелски пасош и лична карта. Употребените лажни документи се разликуваат од оригиналните израелски документи по квалитетот на хартијата, застапените техники на печатење на образецот, заштитните знаци, сјајот и интензитетот на застапените бои, соопшти Јавното обвинителство. дма/са/

Back to top button
Close
Close