Некатегоризирано

Мајк Џејмс со тројка во последната секунда ѝ донесе победа на ЦСКА над Жалгирис

Феноменалната игра на Мајк Џејмс во последните минути од продолжението, беше главна причина за тешката победа на ЦСКА Москва против Жалгирис од 85:82 во првиот денешен меч од кошаркарската Евролига.

Москва, 5 декември 2019 (МИА)- Феноменалната игра на Мајк Џејмс во последните минути од продолжението, беше главна причина за тешката победа на ЦСКА Москва против Жалгирис од 85:82 во првиот денешен меч од кошаркарската Евролига.

Рускиот тим го совлада литванскиот по петминиутно продолжение, откако во регуларните 40 минути средбата заврши 69:69. Џејмс во регуларниот дел утна шут за победа, но во екстра периодот беше незапирлив.

Американскиот бек средбата ја заврши со 19 поени, од кои дури 10 во продолжението. Ова беше осма победа во 12-тиот настап на ЦСКА сезонава. Жалгирис е претпоследен со 3-9. Вечерва се играат уште три меча: Макаби – Баерн, Армани Милано – Црвена звезда и Реал Мадрид – Валенсија. јз/сд/

Back to top button
Close
Close