0_Магазин.ПорталДизајн

„Мјузик фингерс“ – уред којшто го претвора телото во ритмички инструмент (видео)

По ракавиците „Ми.Му“ лани, светот на технологијата сега ни ги претставува и напрстоците што ги претвораат човечките движења во музика.

Лос Анџелес, 27 февруари 2020 (МИА) – По ракавиците „Ми.Му“ лани, светот на технологијата сега ни ги претставува и напрстоците што ги претвораат човечките движења во музика.

Се работи за „Мјузик фингерс“, коишто при допир со тврда површина произведуваат ритмичен звук на тапани. Блутут-опцијата служи за поврзување со паметен уред, па така, звукот на тапани се емитира преку звучниците од телефонот или слушалките. Цената е 70 долари.

Ова е само еден од уредите што служат за креирање музика. Претходно на пазарот се појави и топчето „Одбол“ – што создава ритам во контакт со тлото. си/

Таг
Back to top button
Close
Close