БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Лутовац: ЕУ да се вклучи во посредување на создавање услови за фер избори како во С. Македонија

Српската опозициска Демократска странка (ДС) денеска ја повика Европската унија „активно да се вклучи во посредување за создавање услови за фер и слободни избори“ во Србија, „како оние во Северна Македонија или Црна Гора“.

Белград, 19 септември 2020 (МИА) – Српската опозициска Демократска странка (ДС) денеска ја повика Европската унија „активно да се вклучи во посредување за создавање услови за фер и слободни избори“ во Србија, „како оние во Северна Македонија или Црна Гора“.

– Разговорите што ги имавме досега и на кои веќе учествувавме не беа суштински насочени кон тоа, тие беа повеќе фингирани, пред сè во желбата на власта да се претстави себе како некој кој се стреми да ги нормализира односите, кој сака да ги прикаже односите подобри отколку што се, изјави претседателот на ДС, Зоран Лутовац, на прес-конференција, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што изјави Лутовац, „разговори – да, но разговори со јасна агенда, со мерливи, проверливи резултати и со добра волја и со посредување на ЕУ, бидејќи само такви разговори имаат смисла“.

ДС, кажа Лутовац, „уште еднаш ги повикува претставниците на ЕУ заедно да работат за создавање услови за демократизација на Србија“, посочувајќи дека надворешната политика на Србија треба да се заснова на „еден столб – ЕУ“.

– Добрите односи со другите се подразбираат, но тие никогаш не можат да бидат ставени на исто ниво со нашите односи со ЕУ, особено затоа што нашиот надворешно-политички приоритет, кој никој не го доведе во прашање, е интеграција во ЕУ, кажа Лутовац, додавајќи дека се сведоци да процесот на пристапување беше успешен и потоа запрен, додавајќи дека причината е јасна, „власта не е заинтересирана за воспоставување на владеење на правото и независно судство“, без кои, како и слободните медиуми, не може да има слободни избори.

Говорејќи за надворешната политика на Србија, тој изјави дека државата „талка“ осум години.

– По секој надворешно-политички контакт на Александар Вучиќ, понекогаш премиер, понекогаш претседател, сите се прашуваат-каде се наоѓа Србија на тој пат, кој е тој надворешно-политички пат, оцени Лутовац. об/

Таг
Back to top button
Close
Close