Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Лукашенко и покрај тензиите вети блиски односи со Русија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, во денешниот говор пред престојните претседателски избори, нагласи дека ќе ги задржи врските со Русија и покрај тензиите помеѓу Минск и Москва

Минск, 4 август 2020 (МИА) – Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, во денешниот говор пред престојните претседателски избори, нагласи дека ќе ги задржи врските со Русија и покрај тензиите помеѓу Минск и Москва.

Тој посочи дека партерството помеѓу двете соседни држави е одраз на историските врски.

– Русија секогаш била и секогаш ќе остане близок сојузник без оглед кој ќе ја освои власта во Белорусија или во Русија, истакна Лукашенко.

Но, и покрај ветувањето Лукашенко повтори дека уапсените 33 припадници на руската група платеници „Вагнер“ планирале да организираат масовни немири во Белорусија пред претседателските избори во Белорусија, што се закажани на 9 август. Москва ги отфрли таквите обвинувања, тврдејќи оти групата само транзитирала низ Белорусија, но го пропуштиле трансферот.

Белорускиот претседател ја предупреди Москва да не се обидува да поттикне тензии, бидејќи нестабилноста би можела да се прошири преку границите и да ја зафати Русија.

– Тоа ќе експлодира, така што ќе се почувствува се до Владивосток, наведе Лукашенко.

На 28 јули во Минск се уапсени 33 руски државјани под сомнение дека се припадници на руската група приватни воени платеници „Вагнер“. Според белоруските власти во земјата се наоѓаат уште 200 платеници, по кои трага полицијата. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close