Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Лукашенко ѝ нареди на полицијата да им стави крај на протестите

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека издал наредба Министерството за внатрешни работи да им стави крај на немирите во Минск, што избувнаа по претседателските избори одржани на 9 август

Минск, 19 август 2020 (МИА) – Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека издал наредба Министерството за внатрешни работи да им стави крај на немирите во Минск, што избувнаа по претседателските избори одржани на 9 август.

Според белоруската новинска агенција БЕЛТА, Лукашенко истакнал дека на групата медиумски работници кои се придружија во протестите не треба да им се дозволи да се вратат на работа.

Исто така, Лукашенко нареди зајакнување на безбедноста на границата со цел да се спречи влез на „борци и оружје“ во земјата. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close