Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Лукашенко: Белорусија ќе влезе во војна во случај на агресија на Западот против Русија

Белорусија ќе влезе во војна доколку западните земји покажат агресија кон Русија, изјави претседателот Александар Лукашенко во интервју за руските медиуми. - Ако некој покаже агресија против Русија преку Белорусија или покрај неа, ние веднаш би ја бранеле Русија, цитираше ТАСС дел од изјавата на Лукашенко.

Минск, 9 септември 2020 (МИА) – Белорусија ќе влезе во војна доколку западните земји покажат агресија кон Русија, изјави претседателот Александар Лукашенко во интервју за руските медиуми.

– Ако некој покаже агресија против Русија преку Белорусија или покрај неа, ние веднаш би ја бранеле Русија, цитираше ТАСС дел од изјавата на Лукашенко.

Тој рече дека неговата земја ја засилила безбедноста на своите граници во сите правци, освен на границата со Русија.

Претходно, Лукашенко му нареди на Министерството за одбрана внимателно да го следи движењето на трупите на НАТО во Полска и Литванија и да ги распореди војниците долж западната граница во целосна борбена готовност поради напнатата ситуација во регионот.

Лукашенко го опиша како „глупост“ барањето земјата да ја напушти Организацијата на Договор за колективна безбедност и да се приклучи на НАТО, бидејќи според него, таквите активности ќе ја претворат Белорусија во сцена на воени дејствија. ссм/

Back to top button
Close
Close