ЕвропаЕвропа.Портал

Лукашенко: Белорусија ја засили безбедноста на сите граници

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека земјата ја зајакнала безбедноста на сите граници, освен со Русија, поради воени вежби на странски сили.

Минск, 9 септември 2020 (МИА) – Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека земјата ја зајакнала безбедноста на сите граници, освен со Русија, поради воени вежби на странски сили.

– Тие се обидоа да си играат со нашите нерви колку што разбирам. Во одреден момент, на тоа одговорив многу сериозно – на сите вежби во близина на границите на Белорусија и да бидам прецизен во близина на границите на Сојузот Русија и Белорусија, рече Лукашенко во интервју за рускиот портал Раша тудеј.

Тој рече дека не постои вистинска граница меѓу Русија и Белорусија, туку административен премин и оти морал да ја зајакне безбедноста на сите граници, вклучително и на онаа со Украина. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close