Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Лукашенко ја повика војската цврсто да застане во одбрана на земјата

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска побара од военото раководство да ги преземе сите неопходни мерки и да ја ангажира армијата цврсто да застане во одбрана на територијалниот интегритет, посочувајќи дека ситуацијата е особено чувствителна на западните граници.

Минск, 22 август 2020 (МИА) – Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска побара од военото раководство да ги преземе сите неопходни мерки и да ја ангажира армијата цврсто да застане во одбрана на територијалниот интегритет, посочувајќи дека ситуацијата е особено чувствителна на западните граници.

Лукашенко изјави дека во Белорусија е увезена таканаречената обоена револуција, што се потпира на странскиот фактор и се обидува да ја дестабилизира земјата, јави Тасс.

-Се јасно укажува дека во Белорусија се спроведува обоена револуција, со поддршка на странскиот фактор, што се вмеша, затоа што државата пружи неочекувано силен отпор, заклучи Лукашенко. сд/

Back to top button
Close
Close