0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Лукаревска: СДСМ ќе води безбедна кампања, по строги протоколи

СДСМ ќе води безбедна кампања, по строги протоколи,  за само три години СДСМ  покажаа одговорност и визија во решавањето на проблемите

Скопје, 24 јуни 2020

Носителката на пратеничката листа на ИЕ, Сања Лукаревска денеска ја започна кампањата од општина Гази Баба од каде најави кампања безбедна за сите гласачи.

-Денеска СДСМ и Коалицијата Можеме ја започнуваат здравствено безбедната кампања преку која на гласачите ќе им ја претставиме нашата понуда за овие избори. Пред се, СДСМ ќе води безбедна кампања, по строги протоколи со кои го штититме здравјето на граѓаните бидејќи тоа е нш приоритет, рече Лукаревска.
-За само три години СДСМ и Владата што ја предводи покажаа одговорност, решителност и визија во решавањето на проблемите на граѓаните и државата.  Направивме пресврт на подобро, државата ја извадивме на прав пат. Од изолирана држава станавме земја членка на НАТО и ги отворвме вратите на ЕУ, изјави Лукаревска.
Лукаревска кажа дека од економија во минус Владата предводена од СДСМ обезбеди солиден и постојан економски раст, повисоки плати и рекордно ниска невработеност. Денес успешно се справуваме и со здравствените и економските ефекти на коронавирусот. Донесовме навремени здравствени мерки, а со трите пакети економски мерки помогнавме да се спасат илјадници работни места, да се зајакне приватната потрошувачката и куповната моќ на граѓаните со ниски примања, рече Лукаревска.

Лукаревска најави дека коалицијата “Можеме” направи понуда која обезбедува план за успешно справување со последиците на корона кризата, уште посилен економски раст, уште поодговорни институции, уште понагласен напредок, подготвивме мерки кои обезбедуваат ред, правда и дисциплина.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close