0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Лукаревска од Куманово- Нова развојна економија, нов развоен концепт

Носителката на листа од ИЕ2, од коалицијата „Можеме“, Сања Лукаревска, денеска го посети локалитетот „Студена вода“ кумановско, кој изминатиов период нтензивно се уредува и ќе стане атрактивно излетничко место.

Куманово, 5 јули 2020 (МИА) – Носителката на листа од ИЕ2, од коалицијата „Можеме“, Сања Лукаревска, денеска го посети локалитетот „Студена вода“ кумановско, кој изминатиов период нтензивно се уредува и ќе стане атрактивно излетничко место.

Локалитет интензивно се уредува, бидејќи потенцира Лукаревска важно е секој потенцијал да биде искористен и ставен во функција на граѓаните. За уредувањето на ова излетничко место кое се наоѓа на пет километри од градот и пристапниот пат, вложени се над 11 милиони денари, најголем процент од програмата за рурален развој.

– Во изминатите три години докажавме дека знаеме да ги решаваме работите на ефикасен и на праведен начин, дури и во најтешкото не се откажавме, туку продолживме напред и успеавме. За следниот мандат СДСМ и Коалицијата „Можеме“ обезбедуваме нов развоен концепт, нова македонска развојна економија, за стабилен раст, повисоки плати и шанса за сите, рече Лукаревска.

Кризата предизвикана од коронавирусот, додава Лукаревска ја виделе како можност за брза трансформација на економијата, посочувајќи ги мерките наменети и за граѓаните и за компаниите. Во наредниот период, ќе продолжи поддршката за домашните и странските компании со 600 милиони евра, 300 од буџетот и 300 од европските фондови.

– Најавуваме една милијарда евра странски инвестиции за следните четири години, базирани на иновации и одржливост-додава Лукаревска. Презентирајќи ја програмата, таа посочи дека невработеноста ќе се намалува за три проценти годишно и ќе биде едноцифрена до крајот на мандатот. СДСМ и Коалицијата вели обезбедуваат конкретни развојни мерки за граѓаните, бизнисот, минималната плата ќе порасне на 20.000, просечната на 34.000 денари, ќе растат и пензиите, најниските за 21 процент. Лукаревска најави дека ќе се зголемат субвенциите за земјоделците, а парите за рурален развојод 160.000 ќе бидат 200.000 милиони евра годишно. Развојната економија ги вклучува сите граѓани, ќе се креира амбиент за јакнење на претприемачкиот дух кај младите, за нив и за жените ќе се обезбедат грантови и до 15.000 евра, ќе се поддржат стартап компании за млади без административни трошоци. Новиот економски модел ќе овозможи на младите да останат и тука да се реализираат-појаснува Лукаревска. Државата им припаѓа на сите и е заедничка одговорност, вели Лукаревска.

На 15 јули одиме на избори и ќе победиме, исткна таа и додаде, нема враќање на тие што не знаат економија, нема враќање на тие што се против секоја мерка за враќање на парите кај граѓаните, зошто ги сакаат само за себе.

-Нема враќање на тие што блокираат се, па дури и кога здравјето на граѓаните е во прашање. Тие не знаат поинаку. Има кој знае, покажавме, а можеме и уште повеќе и уште подобро, истакна Лукаревска. ам/дма/

Back to top button
Close
Close