БизнисБизнис.ПорталЕкономија

Лукаревска на средба со жени-претприемачки преставници на Асоцијацијата на бизнис жени

Директорката на Управата за јавни приходи денеска на отворено во паркот Жена Борец одржа работна средба со жени претприемачи - претставнички од Асоцијацијата на бизнис жени.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска на отворено во паркот Жена Борец  одржа работна средба со жени претприемачи – претставнички од Асоцијацијата на бизнис жени.

На средбата, како што информираат УЈП, се разговараше за претприемништвото во услови на пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, донесените и спроведените мерки за финансиска поддршка на компаниите погодени од здравствено економската криза како и сервисирање на обврските спрема Управата за јавни приходи во услови на кризата.

-Давањето поддршката за  јакнењето на женското претприемништво е клучна во создавање на општество со родова еднаквост.  Управата за јавни приходи е партнер на бизнис секторот и секогаш дава поддршка на сите кои започнале бизнис и обезбедиле работни места во Република Северна Македонија, стои во соопштението.скс/лв/

Back to top button
Close
Close