0_Спорт.ПорталФудбал

Лукаку: Во Челзи дојдов во вистински момент

Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку смета дека трансферот од Интер во Челзи го направил во прав момент.

Лондон, 22 август 2021 (МИА) – Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку смета дека трансферот од Интер во Челзи го направил во прав момент.

– Во Италија, играјќи под раководство на Конте, научив дека можам да ги надминам сите бариери. Го освоивме италијанското првенство и тоа беше навистина емотивен момент за мене. Во Италија станав подобар фудбалер. Трансферот во Челзи можеше да се случи пред неколку години, но сега разбирам дека тогаш не бев толку сигурен во своите способности. Сега е вистинското време. Станав позрел, подобро го разбирам фудбалот, станав поодговорен надвор од теренот, изјави Лукаку за „Скај спортс“.

Челзи го објави трансферот во Лукаку на 12 август. Договорот на Белгиецот со лондонските „сини“ важи до летото 2026 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close