0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Лукаку по ремито со Борусија: Интер направи премногу грешки и плати за тоа

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку го сподели своето мислење за ремито на натпреварот од 1. коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Борусија Менхенгладбах (2:2).

Милано, 22 октомври 2020 (МИА) – Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку го сподели своето мислење за ремито на натпреварот од 1. коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Борусија Менхенгладбах (2:2).

– Не е најдобар резултат за Интер, ние сме способни за повеќе. Мора да продолжиме да работиме и да станеме посилни психолошки. Овој резултат не е лесен момент за нас, но треба да продолжиме да веруваме во квалитетот на нашата игра. Интер треба да биде подобар во дефанзива затоа што ги дозволивме двата гола заради сопствени грешки. Премногу грешки, ова не е дозволено на ова ниво, рече Лукаку за „Скај Италија“.

Токму Лукаку беше двоен стрелец за Интер, а вториот гол го постигна во 90. минута и го спаси својот тим од пораз. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close