0_Спорт.ПорталФудбал

Луиз можеби ќе го пропушти почетокот на сезоната во Англија

Дефанзивецот на Арсенал, Давид Луиз, може да биде надвор од фудбалските терени околу еден месец, информира „Телеграф“.

Лондон, 11 септември 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Арсенал, Давид Луиз, може да биде надвор од фудбалските терени околу еден месец, информира „Телеграф“.

Според изворот, 33-годишниот Бразилец се здобил со повреда на вратот, поради што ќе го пропушти почетокот на сезоната 2020/21 во Премиер лигата.

Луиз се пресели во Арсенал летото 2019 година. Дефанзивецот помина 44 натпревари за тимот, постигна два гола и една асистенција. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close